Украинската армија доби противбродски ракети (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Украинската армија на својот Фејсбук се пофали дека била снабдена со копнени фрлачи на моќни противбродски ракети од типот Харпун, заедно со придружни проектили.

– Се работи за испорака од Холандија, Велика Британија и Данска, а наскоро ќе се приклучат и други земји. Овие ракети ќе ја бранат Украина од непријателските руски бродови во Црното Море – се вели во соопштението на украинската армија.

– Другите бродови на агресорот ќе се приклучат на крстосувачот Москва на дното на Црното Море. Крајбрежната одбрана на нашата земја нема да биде зајакната само со ракетите Харпун, тие ќе ги користат обучени украински тимови – напиша украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Тој рече дека ракетите Харпун ќе се користат заедно со постоечките украински Нептуни за одбрана на брегот, вклучувајќи го и јужното пристаниште Одеса.

Откако започна инвазијата на 24 февруари, Русија ги блокираше украинските пристаништа, со што го запре извозот на жито. Русија ја користи својата црноморска флота за лансирање ракети кон Украина, која оттогаш почна да добива западна воена помош.

Слични содржини