Украинската армија: Во Запорожје руски војници конфискуваат лични документи

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската армија денеска, непосредно пред почетокот на парадата за Денот на победата на Русија во Москва, предупреди дека постои „голема веројатност за ракетни напади“ и дека руските војници во подрачјата под контрола на Москва во Запорожје почнале да ги конфискуваат личните документи без да наведат причина за тоа.

Украина соопшти дека руските војници ги заплениле документите за да го принудат локалното население да учествува на церемонијата по повод Денот на победата.

Во соопштението се наведува и дека Русија распоредила околу 19 тактички групи во руската област Белгород, веднаш до границата.

Тие веројатно се состојат од околу 15.200 војници со тенкови, ракетни батерии и друго оружје, се вели во соопштението.

Слични содржини