Украинската полиција објави снимка со детали од апсењето на напаѓачите на водачот на Кавачкиот клан

од Берта Китинска

Објавено е видео од апсењето на напаѓачите на наводниот водач на Кавачкиот мафијашки клан од Црна Гора, Радоје Звицер.

Снимката е објавена на налогот на националната полиција на Украина, ја опфаќа целата акција, почнувајќи од снимките од надзорните камери на обидот за егзекуција во центарот на Киев, па сè до испрашувањето во станица.

На снимките, може да се види и увидот од истрагата каде е прикажано и користеното оружје, а потоа и „ловот“ односно потрагата по осомничените во текот на ноќта.

„Од каде си?“, прашува полицаец еден од уапсените на снимката.

„Од Македонија“, одговара човекот со лисици на рацете.

Второто лице на видеото одговара дека е од Србија и дека разбира зошто е уапсен.

Подоцна, меѓу другото, во полициската станица прикажан е еден од уапсените со српски пасош.

Според тамошните медиуми, украинската полиција ги уапсила осомничените вчера во Одеса, а при апсењето тие се спротивставиле и се обиделе да избегаат. Тие се обиделе да стигнат до границата со Молдавија и така да избегаат од украинската полиција.

Слични содржини