Украинската вицепремиерка ги повика Русите да не посвојуваат деца „украдени“ од Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца за кои рече дека биле „украдени“ во Украина за време на војната и депортирани во Русија.

Верешчук на својот канал на Телеграм изјави дека сирачињата биле „украдени во Украина“ и наводно биле дадени на посвојување во Русија.

Таа додаде дека „силно им препорачува на руските граѓани да не посвојуваат украински сираци“ кои нелегално биле однесени од привремено окупираната територија на Украина, наведува „Ројтерс“.

Слични содржини