Украински функционер: Бројот на загинати во рускиот напад во Днепар се искачи на 20

од Vladimir Zorba

20 лица загинаа во руски напад врз зграда во Днепар во источна Украина, изјави шефот на регионалната воена управа во Днепропетровск, Валентин Резниченко.

„Дваесет невини жртви“, напиша Резниченко на Телеграм, додавајќи дека се ранети 73 лица.

Тој рече дека спасувачките операции продолжуваат и дека се уште не е позната судбината на 40 лица.

Нападот на станбена зграда во Днепар е извршен во саботата, а според првите информации во него загинале најмалку пет лица.

Вчера руските сили извршија неколку ракетни напади врз украинските градови и енергетската инфраструктура во многу области на земјата, што доведе до прекин на електричната енергија на многу места.

Нападната е енергетската инфраструктура во областите Харков, Лавов, Ивано-Франковск, Запорожје, Киев…

Слични содржини