Украински извори: Оштетени сензори за радијација во електраната Запорожје

од Nikola Popovski

Неколку сензори за радијација се оштетени денеска по новото руско бомбардирање на областа во близина на нуклеарниот реактор на електраната Запорожје, објави украинскиот оператор Енергоатом.

„Ситуацијата се влошува, радиоактивни материи се наоѓаат во близина, а неколку сензори за радијација се оштетени“, напиша Енергоатом на Телеграм.

Од друга страна, проруски функционер претходно денеска изјави дека областа околу нуклеарната централа Запорожје повторно била цел на артилериски напади, обвинувајќи ги за нападот украинските сили.

Фабриката веќе беше цел на воздушни напади минатата недела, што ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница.

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.

Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа Запорожје, која беше преземена од руските сили.

Фото:  Sputnik / Profimedia

Слични содржини