Украински командант: Руската мобилизација ја зголеми воената закана во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Мобилизацијата во Русија ја зголеми воената закана во Украина, бидејќи сега имаат подобро обучени војници кои пристигнуваат на фронтот, објави денеска командантот на украинските копнени сили.

На националната телевизија, генералот Олександр Сирски, на прашањето за мобилизацијата на армијата нарачана од Москва во септември, одговори дека воената закана во Украина сега се зголемува како резултат на мобилизацијата, пренесува „Ројтерс“.

„Бројот на персонал ја зголеми заканата за нас, тоа се нови бригади, нови баталјони кои се подобро обучени од оние кои претходно дојдоа на фронтот. Ова е надополнување што армијата го чекаше бидејќи беше исцрпена“, наведува Сирски.

Слични содржини