Украински командант: Вагнер ги засили нападите, не се соочуваат со недостаток на муниција

од Stefanija Kuzmanovska

Командантот на украинските сили кои се борат во Бахмут вчера изјави дека силите на „Вагнер“ ги засилиле минофрлачките и артилериските напади во последните денови, што покажува дека не им снемува муниција, и покрај тоа што нивниот началник Евгениј Пригожин го тврди спротивното.

„Тие не се ни близу до недостаток на муниција бидејќи интензитетот на гранатирање и артилериски операции е зголемен“, изјави украинскиот полковник Роман Хришченко, командант на 127-та бригада на украинската територијална одбрана, пренесе „Ројтерс“.

Според него, руските сили постојано го напаѓаат градот, но украинските војници возвраќаат.

Слични содржини