Украински морнар се обидел да ја потопи јахтата на руски олигарх

од Milan1

Украински морнар е уапсен во Мајорка, Шпанија, откако делумно потонал јахта на Александар Миев, руски олигарх и извршен директор на руска државна компанија за оружје.

Украинецот идентификуван како Д.Тарас (55) работел 10 години како главен инженер на луксузната јахта Лејди Анастасија. Решил да се обиде да ја потопи јахтата поради руската инвазија на Украина и ги отворил вентилите и ја пушти водата во машинската соба. Потоа му рекол на остатокот од екипажот, исто така Украинци, да го напуштат бродот и да дозволат да потоне. Тие одбиле и продолжиле да работат за да не потоне бродот. Тие успеале да ја спасат јахтата од потонување, а кога на лице место се појавила шпанската полиција, Тарас ја презел одговорноста за обидот да ја потопи јахтата.

„Мојот шеф е криминалец кој продава оружје што го убива украинскиот народ“, му рекол тој на судијата на подготвително рочиште. Тој додадал дека не се кае што направил и дека би го направил тоа повторно.

„Гледав вести за војната, имаше видео од хеликоптер како напаѓа зграда во Киев. Оружјето што го користеше беше произведено од компанијата на сопственикот на јахтата. Тие нападнаа невини луѓе“, рече тој.

„Лејди Анастасија“ е суперјахта долга 48 метри. Има место за 10 гости и девет членови на екипажот.

Слични содржини