Украински омбудсман: Во Украина досега се убиени 143 деца

од Milan1

Вкупно 143 деце се убиени, а 216 повредени од почетокот на руската воена интервенција во Украина, соопшти комесарката на украинската Врховна рада одговорна за човекови права, Људмила Денисова.

Омбудсманот Денисова во соопштението објавено преку „Телеграм” појаснува дека „според регистерот преткривични истраги и други засега непроверени извори, до 8:00 часот на 28 март 2022 година во руската инвазија се убиени 143, а ранети 216 деца”.

Таа уште посочува дека вистинскиот број загинати и повредени деца не може да се утврди поради тоа што во повеќе области на Украина се водат интензивни вооружени престрелки, а неколку града се под активно воено дејство на руските окупациски трупи.

Од 24 февруари кога почнаа воените дејствија на руските сили, во Украина на сила е воена состојба и општа мобилизација на населението.

Слични содржини