Украински пратеник пронајден мртов со прострелна рана во главата

од Vladimir Zorba

Украинскиот пратеник Валери Давиденко беше пронајден мртов во својата канцеларија со прострелна рана во главата, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Антон Герашченко.

Герашченко напиша на Фејсбук дека полицијата и обвинителството ќе го истражат случајот.

Од мај 2013 до март 2014 година Давиденко беше заменик министер за земјоделство на Украина.

Тој се кандидираше на последните парламентарни избори како независен кандидат.

Слични содржини