Украински Шахтјор ја тужи ФИФА

од Vladimir Zorba

Украински Шахтјор одлучи да ја тужи ФИФА затоа што дозволил раскинување на договорите со украинските клубови кога тоа ќе го побараат странски играчи поради војната во земјата. Украинците бараат ФИФА финансиски да им ја надомести штетата со оваа одлука. Украинските медиуми пренесуваат дека Шахтјор проценил дека загубил околу 50 милиони евра и дека се надева дека ќе се договори со ФИФА.

„Многумина велат дека навиваат за Украина, но не. На пример, ФИФА не го штити украинскиот фудбал и неговите играчи како УЕФА. Бараме некаков вид на компромис во оваа тешка ситуација бидејќи во спротивно ќе изгубиме многу играчи за слободен, во кој инвестиравме“, изјави Дарио Срна, спортскиот директор на Шахтјор.

„Ние сме најдобриот клуб во источна Европа и ќе се бориме за угледот и почитта што ги заслужуваме. Другите ни помогнаа. Претседателот на УЕФА, Чеферин ни помогна да преживееме, но ФИФА не го прави тоа и ако не го направи, ќе одиме на суд. Ќе му покажеме на целиот свет дека сме живи и дека на терен се бориме за Украина“.

Од 2014 година, Шахтјор нема играно домашни натпревари во својата Донбас Арена во Доњецк, која беше тешко оштетена во руско-украинската војна. И додека Шахтјор оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите, руските клубови имаат забрана за настап поради руската инвазија на Украина.

„Никогаш не мешам спорт и политика, но за жал овој пат се согласувам дека руските клубови не можат да играат на европските натпреварувања поради моменталната ситуација. Русија е таа која е агресор и терорист, Русија ги убива нашите деца и нашите пријатели, ги убива нашите граѓани“, додаде тој.

Слични содржини