Според истрагата на „Ројтерс“, во текот на речиси 20 месеци, огромни количини севернокорејски гранати биле испорачани по море, а потоа со железница до борбените линии. Оваа комбинација на севернокорејски трупи и оружје и даде на Русија значителна предност во борбата.
Украинската воена разузнавачка служба му достави на Ројтерс аудио снимка од 13 секунди од пресретнати радио комуникации на која се гледа хаотичното повлекување на севернокорејските војници во рускиот регион Курск на 1 декември. Во почетокот, без пристап до оклопни возила и искуство во употреба на дронови, претрпеа големи загуби. Сепак, тие успеаја релативно брзо да се прилагодат на условите на бојното поле.
Според украинските власти, Северна Кореја испратила околу 14.000 војници, вклучително и дополнителни 3.000 за да ги замени загубите. Сепак, поважно од работната сила беше снабдувањето со оружје што Северна Кореја го испорачува на источниот фронт на Украина. Според истрагата на „Ројтерс“, во текот на речиси 20 месеци, огромни количини севернокорејски гранати биле испорачани по море, а потоа со железница до борбените линии. Оваа комбинација на севернокорејски трупи и оружје и даде на Русија значителна предност во борбата, покажа истрагата, нагласувајќи ја продлабочената врска меѓу двете земји под санкции. Русија во голема мера се потпира на севернокорејските гранати, што ѝ овозможи да продолжи со стратегијата за уништување на Украина. „Ројтерс“ откри дека во одредени периоди минатата година, некои руски единици користеле речиси исклучиво севернокорејски гранати.
Податоците за поморските и копнените пратки, собрани во соработка со Ројтерс и Центарот за отворени извори, беа потврдени со пресретнати извештаи од руската артилерија од Киев, сателитски снимки, проверени снимки од социјалните мрежи и изјави на тројца високи украински функционери.
Освен гранати, Северна Кореја испорача и балистички ракети, артилерија со долг дострел и ракетни системи со повеќе цевки, со што и обезбеди најголема директна воена поддршка на Русија, со дополнителна помош од ирански беспилотни летала и економска поддршка од Кина
Независна британска организација „OSC“ специјализирана за безбедносни прашања, регистрираше 64 пратки во текот на 20 месеци, кои носеа околу 16.000 контејнери со милиони артилериски гранати за употреба против Украина, вклучително и пратката од 17 март.
Севернокорејско-руската соработка стана видлива во 2023 година, но доби важност неодамна кога севернокорејските трупи, муниција и оружје и помогнаа на Русија да ги истисне преостанатите украински сили од регионот Курск, исто како што почна да опаѓа поддршката за Украина од администрацијата на Трамп.
Според украинските власти, вклучително и шефот на разузнавачката служба, Северна Кореја обезбедува половина од муницијата што и е потребна на Русија на бојното поле, што е во согласност со наодите на „ОСЦ“ и Ројтерс.
Експерт од украинската армија изјави за Ројтерс дека овој удел достигнал 70%, додека Ројтерс открил дека руските артилериски единици во одредени периоди зависат речиси исклучиво од муниција на Северна Кореја.
„Придонесот на Северна Кореја беше стратешки клучен“, рече Хју Грифитс, кој беше координатор на експертскиот комитет на Обединетите нации за следење на санкциите кон Северна Кореја од 2014 до 2019 година. „Без поддршката на претседателот Ким Џонг Ун, претседателот Владимир Путин нема да може да ја продолжи својата војна во Украина“.
Аудио снимката од повлекувањето на севернокорејските војници во областа Курск во Русија на 1 декември можете да ја слушнете ТУКА.