Украинскиот министер за одбрана му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот министер за одбрана Олекси Резников денеска му се заблагодари на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за поддршката, откако владата во Загреб, како што наведува, ја одобри одлуката за обука на украински војници.

„Модерната, добро обучена армија со моќни партнери дефинитивно ќе ги победи чопорот руски убијци, разбојници и силувачи“, напиша Резников на Твитер.

Хрватскиот парламент за две недели треба да расправа за владиниот предлог, а за одлука е потребно двотретинско мнозинство.

Слични содржини