Украинскиот министер за одбрана: Зеленски ѝ нареди на армијата да го врати југот на земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ѝ нареди на украинската армија повторно да ги освои крајбрежните области на југот на земјата, за што Украина собира милионска борбена сила опремена со западно оружје, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Тој изјави за „Тајмс“ дека Зеленски ѝ наредил на украинската армија повторно да ги заземе окупираните крајбрежни области, кои се од витално значење за економијата на земјата, пренесува „Интерфакс Украина“.

Резников прецизираше дека претседателот на Украина му наредил на военото раководство да развие соодветни планови, по што Генералштабот ќе каже што е потребно за да се постигне таа цел, а тој ќе побара помош од земјите партнери.

Слични содржини