Украинските безбедносни служби извршија рација во манастир во Киев, се огласи Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската безбедносна служба и полицијата утрово извршија рација во православен манастир стар 1.000 години во Киев, како дел од операциите против осомничените „субверзивни активности на руските специјални служби“, соопшти украинската служба за безбедност.

Како што се наведува во соопштението, овие мерки се преземаат како дел од системската работа на украинската безбедносна служба во борбата против деструктивните активности на руските специјални служби во Украина, пренесе „Ројтерс“.

Се нагласува дека целта на претресот била да се спречи користењето на пештерскиот манастир за криење на диверзантско-извидувачки руски групи, како и за складирање оружје.

„Претресот на манастирот во Киев е чин на заплашување“

Руската православна црква денеска соопшти дека претресот што го извршиле украинските безбедносни служби во православниот манастир во Киев бил чин на заплашување.

Портпаролот на црквата Владимир Легоида изјави дека меѓународната заедница речиси сигурно нема да обрне внимание на денешниот чин на заплашување на верниците, како што тоа го прави во многу други случаи на прогон на верниците во Украина од 2014 година, објави „Ројтерс“.

Украинската безбедносна служба и полицијата утрово извршија рација во православен манастир стар илјада години во Киев, како дел од операциите против осомничените „субверзивни активности на руските специјални служби“, соопшти украинската служба за безбедност.

Слични содржини