Украинските разузнавачи пуштија аудио-снимки за наводни воени злосторства извршени на руската војска

од Vladimir Zorba

Руски командант наводно им наредил на своите војници да пукаат и да „убиваат“ украински цивили во близина на Мариупол, се вели во аудио снимка објавена од украинската разузнавачка служба, која е, како што тврдат, пресретнат разговор, пренесе „Sky News“.

На аудио снимката, неименуван војник вели: „Двајца од шумата доаѓаат во цивилна облека“. Тој вели и дека било видено возило, но дека не е јасно дали се работи за цивилно или за воено возило.

– Убијте ги сите. Сите!, извикува неговиот претпоставен, додавајќи дека не е важно дали има борци или не на локацијата додека, како што изгледа, се подготвува за нова офанзива.

– Разбирам, вели војникот.

Британски „Times“ пишува дека инцидентот се случил во село во близина на Мариупол, врз основа на коментарите на војниците. Во друга аудио снимка, друг руски војник се жали дека тој и неговите колеги се значително побројни и не добиваат поддршка од Москва.

– Украинците имаат 150.000 војници, рече тој.

– И ние сме 3.000, ако тоа … Тие се лево, десно, не опкружуваат, тоа е ***o! Ги има толку многу, а ние малку сме. Немам поддршка, немам авиони, немаме ништо, вели тој.

И додека Украинците објавија снимка од руски војници кои добиваат наредба да пукаат во цивили во близина на Мариупол, германските разузнавачки служби пресретнаа радио комуникација меѓу руски војници кои наводно признале дека извршиле злосторства врз цивили во Буча.

Пораките кои ги пресретнале Германците наводно кореспондираат со деталите за злосторството што неодамна беше откриено во Буча, пишува „Sky News“. Така, во една од радио пораките, руски војник раскажува како пукал во лице на велосипед, што одговара на фотографија од една од жртвите чие тело е направено веднаш до велосипедот.

Германските власти се уште не го коментирале извештајот.

Слични содржини