Украинско дипломатско возило учествувало во сообраќајка во Скопје, повредена жена

од Nikola Popovski

На 01.10.2022 во 15 часот пријавено е дека во Скопје на паркинг пред маркет на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од И.И.(50) од Украина, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од  Б.Ѓ.(35) од Скопје и пешакот Д.А.(63) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобила Д.А. констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

Слични содржини