Украинско МНР: Во Херсон снемува храна за 300.000 лица

од Milan1

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на околу 300.000 лица од окупираниот град Херсон им снемува храна и медицински материјал и притоа ја обвини Русија дека спречува цивилите да се евакуираат на територијата што ја контролира Украина.

Портпаролот на украинското Министерство, Олег Николенко, на Твитер напиша дека 300.000 жители на Херсон се соочуваат со хуманитарна катастрофа поради блокадата на руската армија.

„Храната и медицинските материјали речиси исчезнаа, но Русија одбива да отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивилите”, напиша Николенко.

 

Слични содржини