Украинците во Киев направија изложба на уништени руски тенкови (ФОТО)

од Nikola Popovski

Украинците изложија уништени руски тенкови и оклопни возила во одбрана од инвазијата што започна на 24 февруари годинава во главниот град Киев.

На самиот почеток на инвазијата на Украина, руските сили се обидоа да го заземат Киев и да ја отстранат легалната влада. Украинските вооружени сили успеаја да го спречат рускиот продор од територијата на Белорусија и да го одбранат својот главен град.

EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Кон крајот на март, украинските сили ја вратија контролата врз областа Киев по повлекувањето на руските трупи.

EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Во борбите за Киев особено големи битки се водеа во предградијата Буча и Ирпин, во кои биле уништени големи количества руски оклопни возила. Посебна улога во одбраната на Киев имаа противтенковските системи „Javelin“ и „NLAW“ кои на Украина им беа доставени од западните земји.

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Според податоците на „Oryx“, специјализирана локација која ја следи визуелно идентификуваната уништена воена опрема во војната во Украина, Русија изгубила 3.778 парчиња воена опрема од почетокот на војната, вклучувајќи 693 тенкови и 378 оклопни борбени возила.

Слични содржини