Украле Tesla со помош на евтин уред (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Екипата на Јутјуб каналот „Donut Media“ објави интересен видео материјал.

Автомобилските компании постојано работат против крадците и кражбата на автомобили е максимално отежната, но сепак се наоѓа начин.

Како што можете да видите на ова видео, хакерите нашле начин да упаднат во туѓ автомобил, во овој случај Tesla Model Y.

Се користи уред кој го „мами“ автомобилот дека сопственикот на возилото со сите клучеви е многу поблиску до автомобилот отколку што е, па дава и прима одреден сигнал што го пренесува уредот.

Ќе видите дека шифрата се копира, вратата се отвора и по палењето, крадецот веќе заминал со автомобилот.

Слични содржини