Улицата Никола Карев доби нов простор за велосипедистите

од Берта Китинска

Екипите на Град Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Железничка станица.
-Реконструкцијата на потегот од крстосницата со булевар Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со булевар 3-та Македонска Бригада, опфати целосна обнова на асфалтот на улицата, во должина од 510 метри, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Во тек е целосната репарација на тротоарите. На улицата Никола Карев од четирите постојни сообраќајни ленти сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на трите општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од булевар Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути, соопштија од Град Скопје.

Слични содржини