Умерен земјотрес на југот од Иран

од desk2

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе југот на Иран, а засега нема информации за евентуални штети или повредени.

Земјотресот е регистриран во близина на градот Кухерд, на околу 1.000 километри јужно од Техеран.

Иранската државна телевизија јави дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Американските медиуми јавуваат дека потресот го почуствувале жителите во висококатниците во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати.

Во земјотрес со јачина од 6,6 степени во 2003 година целосно беше срамнет со земја историскиот град Бам, потсетуваат американските медиуми.

Слични содржини