УНЕСКО: На Русија не ѝ е дозволено да учествува на конференцијата за слобода на медиумите

од Stefanija Kuzmanovska

На Русија не ѝ е дозволено да учествува на конференцијата на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за слобода на медиумите, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.

„Секоја година на 3 мај се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, кој во 1993 година го прогласи Генералното собрание на ОН, а по тој повод УНЕСКО – специјализираната агенција на ОН за меѓународна соработка во областа на информирањето – традиционално одржува тематски конференции, но за жал оваа година на Русија не ѝ е дозволено да учествува“, се наведува во соопштението на министерството, пренесува „Спутник“.

Слични содржини