Унгарија до Шведска: „Нема да влезете во НАТО затоа што мислите дека сте над нас“

од Stefanija Kuzmanovska

По неколкумесечен застој од страна на владејачката партија на Орбан, Фидес, унгарскиот парламент во понеделникот го одобри нацрт-законот со кој се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, но барањето на Шведска и понатаму е на чекање.

„Наводната морална супериорност на Шведска и недостатокот на почит кон Унгарија, заедно со нејзината постојана работа за поткопување на билатералните односи, се причините зошто унгарскиот парламент беше во право што не ја ратификуваше шведската апликација за членство во НАТО. Време е Шведска да се ‘среди’ и да ги подобри односите со Унгарија доколку сака да влезе во НАТО“, пишува државниот секретар и портпарол на унгарската влада Золтан Ковач, личноста преку која неформално се огласува премиерот Виктор Орбан.

Имено, по неколкумесечно одолговлекување на владејачката партија Фидес на Орбан, унгарскиот парламент во понеделникот го одобри предлог-законот со кој Финска се дозволува влез во НАТО, но барањето на Шведска се уште е на чекање.

Ковач детално го објасни потегот, велејќи дека додека војната во Украина беснее, сегашните непријателства создадоа дупки во поранешната безбедносна структура на Европа. Затоа, истовремено е за пофалба и разбирливо што двете скандинавски сили, Финска и Шведска, се здружија за да ги обезбедат своите позиции во новото геополитичко опкружување и сакаат што поскоро да бидат примени во НАТО.

Слични содржини