Унгарија е првата земја од ЕУ што ја користи руската вакцина

од Nikola Popovski

Унгарија од денес е прва земја во Европската унија (ЕУ) што ја користи руската вакцина Спутник V против коронавирус, објавија локалните здравствени власти.

„Денес започнавме да ја користиме вакцината Спутник V на местата за вакцинација“, рече Сесилија Милер, главен здравствен инспектор и член на кризниот штаб. Унгарските власти неодамна објавија дека примиле 40.000 дози на руска вакцина, а земјата е прва во ЕУ на која ѝ е испратена вакцината Спутник V.

Унгарскиот центар за јавно здравје ја одобри руската вакцина.

Унгарија е исто така првата членка на ЕУ што потпиша договор со кинеската лабораторија „Синофарм“ и нарача околу пет милиони дози вакцина од неа.

Слични содржини