„УНГАРИЈА Е ЦРНА ОВЦА НА ЕВРОПА!“ Орбан е лут на остатокот од Унијата поради мигрантите

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарија одби да прифати илегални имигранти за време на мигрантската криза во 2015 година и тоа беше „единственото разумно однесување“ за одбрана на земјата и нејзините граѓани, рече премиерот Виктор Орбан во интервју за конзервативната американска телевизија „Фокс њуз“.

Отфрлајќи ја имиграцијата, Будимпешта се спротивстави на повеќето земји од Европската унија кои одлучија да ги отворат своите граници и, наводно, „отворија ново поглавје во нивната историја, нарекувајќи го ново општество“.

Според него, тоа е „постхристијански и пост-национален режим“.

– Не постои начин да се знае дали исходот ќе биде добар или лош, но мислам дека е многу ризично. Секоја нација има право да го преземе тој ризик или да го одбие. Ние Унгарците одлучивме да не го преземаме тој ризик – рече Орбан.

Посочи дека Унгарија има право да носи такви одлуки, пренесува унгарската агенција МТИ.

– Тоа доаѓа од Бога и природата и сите аргументи се на наша страна. Ова е нашата земја, ова се нашите луѓе, историја, јазик и ние мора да ги заштитиме. Се разбира, ако некој е во неволја и Унгарците се најблиску до вас, се разбира дека ќе помогнеме, но влегувањето во земјата без дозвола, не е основно човеково право – рече Орбан.

Според него, таа одлука во основа била причината за „остриот напад“ против Унгарија, а неговата лична репутација е многу лоша, а „Унгарија била третирана како црна овца на Европската унија“.

Во врска со неодамнешната изјава на Џо Бајден дека Орбан е „тотален насилник“, унгарскиот премиер рече дека со таа изјава американскиот претседател „лично го навредил унгарскиот народ“, но бидејќи тој е претседател на САД, дека Унгарците мора да бидат скромни и полни со почит кон претседателот, но и дека треба да се разјасни дека она што го рекол е навредливо.

Билатералните врски меѓу Унгарија и САД се „во основа многу добри, особено во одбраната, економијата и трговијата“, рече Орбан.

Унгарија ги гледа успешните односи со САД како предност дури и ако односот на САД кон Унгарија се промени. Причината за нападите е што либералите го оспоруваат успехот на земјите од Централна Европа, бидејќи беше постигнат многу поинаку од она што очекуваа западните земји, рече Орбан.

– Градиме многу успешно општество, но неговите темели се многу различни од она што многу западни земји го сакаа. Западните либерали не можат да го прифатат тоа во рамките на западните цивилизации, бидејќи постои национална конзервативна алтернатива која е поуспешна во секојдневниот живот отколку либералниот поглед на светот – рече Орбан.

Премиерот ги истакна неодамнешните политички промени во САД и Израел и дека Унгарија таму загубила „големи поддржувачи на унгарскиот христијански конзервативизам“. На власт дојдоа противниците, што е „сосема нова околност за Унгарија“.

На темата за изборите во Унгарија, кои се закажани за следната пролет, Орбан рече дека е изненаден кога ја видел „меѓународната заедница која ја прифаќа коалицијата на комунистичките политички сили и антисемитистите кои заедно настапуваат на изборите“.

Што се однесува до можното меѓународно мешање во унгарските избори, Орбан рече дека „не е загрижен, бидејќи тие се подготвени“.

– Се разбира, меѓународната левица ќе стори сé за да ја смени владата во Унгарија, ние сме подготвени за тоа – рече премиерот.

Слични содржини