Унгарија го блокира шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија поради патријархот Кирил

од Nikola Popovski

Унгарија синоќа го блокира шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија – поради патријархот Кирил, јавува Ројтерс.

И покрај вербалниот договор во понеделникот вечерта околу полноќ за воведување на шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија, Унгарија денеска го блокира финализирањето на санкциите бидејќи во нив е вклучен и поглаварот на Руската православна црква, инсистирајќи на симнување на патријархот Кирил од листата на санкционирани поединци, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три дипломатски извори.

„Договорот е задржан затоа што Унгарија се противи на санкциите против патријархот Кирил“, изјавил за Ројтерс дипломат од ЕУ, што потврдиле другите двајца.

Инаку, лидерите на Европската унија во понеделникот усно се договорија да го воведат шестиот пакет санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, кој меѓу другото ќе вклучи и ембарго за увоз на руска нафта. Пратениците на ЕУ вчера требаше да го преведат договорот во правен текст за да може да стапи во сила.

 

Слични содржини