Унгарија го тестира јапонскиот лек Авиган за лечење на корона

од Vladimir Zorba

Унгарија е една од првите земји што го доби јапонскиот лек Авиган за третман на пациенти со коронавирус, изјави министерот за надворешни работи, Питер Сијарто.

Тој објави дека новите клинички испитувања на овој лек, чија активна состојка е фавиправир, а кој е регистриран во Јапонија, ќе се спроведе во Унгарија.

Испораката на 12.200 таблети Авиган, што е доволно за лекување на 100 пациенти, пристигна утринава во Унгарија, изјави Сијарто на Фејсбук, пренесува „МТИ“.

Тој додаде дека лекот е испратен во истражувачкиот центар на Универзитетот во Печ на југот на земјата.

Професорот Габор Ковач вели дека лекот ќе се користи за клинички испитувања на сто пациенти „во контролирани услови и со голема претпазливост“.

Авиган е регистриран во Јапонија како лек против грип, но се покажа дека е ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.

Слични содржини