Унгарија и Полска постигнале договор со ЕУ?

од Nikola Popovski

Унгарија и Полска прелиминарно го прифатиле предлогот за буџетот на ЕУ, додека Германија претседава со Европската унија, изјавил висок претставник на полската влада.

Тој соопштил дека сега се чека одобрување од Холандија и други „скептични членки на ЕУ“, објави Ројтерс.

„Постигнавме прелиминарен договор, но сепак има одреден притисок … Целта е да се заврши сето тоа пред почетокот на самитот на Европската унија во четврток“, открил полскиот претставник, кој инсистирал на анонимност.

Полска и Унгарија го блокираа буџетот на ЕУ од 1,8 милијарди евра затоа што се спротивставуваат на идејата дека владеењето на правото не може да биде услов за пристап до пари од европскиот буџет и планот за закрепнување доколку не се смени основниот документ на Европската унија.

Слични содржини