Унгарија ја одобри кинеската вакцина

од Nikola Popovski

Унгарската агенција за лекови денеска ја одобри кинеската вакцина „Синофарм“ против коронавирусот, изјави директорката на Службата за јавно здравје, Сесилија Милер.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утрово изјави дека Будимпешта може да потпише договор за набавка на кинеската вакцина против коронавирус денес или утре и додаде дека земјата чека да види како ќе се одвива масовната вакцинација со кинеската вакцина во Србија, пренесува Ројтерс.

Орбан за државното радио изјавил дека кинеската вакцина ќе ја избере и самиот, затоа што најмногу ѝ верува.

Унгарија на тој начин би станала првата земја-членка на ЕУ што ќе ја прими кинеската вакцина доколку биде одобрена од унгарските власти, а минатата недела стана првата земја на ЕУ што ја купи руската вакцина „Спутник ве“ (Спутник V).

Првата испорака на Синофарм може да содржи милион дози, пренесува Танјуг.

Слични содржини