Унгарија нуди рута за извоз на жито од Украина

од Nikola Popovski

Унгарија ја понуди својата територија како можна рута за извоз на жито од Украна, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Ја понудивме територијата на Унгарија, со цел да го олесниме минувањето на секоја пратка на храна наменета за различни делови на светот од Украина, главно кон Северна Африка или Блискиот Исток“, рече Сијарто.

Сијарто, кој го даде предлогот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, не го прецизираше количеството жито што Украина може да го извезе преку Унгарија, но додаде дека на нејзината источна граница може да се постават два логистички центри.

„Значи, во случај кој било вид жито или друг производ да се извезе од Украина на Блискиот Исток или Северна Африка преку Унгарија, тоа може да се случи брзо“, рече Сијарто.

„Пристапот со железница до пристаништата во Југоисточна Европа е брз од Унгарија“, рече шефот на унгарската дипломатија.

Унгарија понуди и транспортни капацитети за украинското жито.

Слични содржини