Унгарија: Усвоен закон кој практично забранува истополови парови да посвојуваат деца

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарскиот парламент, во кој владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан има двотретинско мнозинство, денес усвои закон со кој практично се забранува истополови парови да посвојуваат деца.

Во законот, предложен од владата на Орбан, се вели дека само брачните парови можат да посвојуваат деца, а самците само со посебна дозвола на министерот за семејство, објави Ројтерс.

Унгарија не дозволува хомосексуални бракови.

Слични содржини