Унгарија: Жените пред да абортираат ќе мора да го слушаат чукањето на срцето на фетусот

од Stefanija Kuzmanovska

Жените кои сакаат да абортираат во Унгарија мора, согласно новото правило, да го слушаат чукањето на срцето на фетусот пред да биде извршен зафатот.

Во прогласот се наведува дека, кога се поднесува барање за абортус, жената мора да приложи лекарско уверение во кое се наведува дека „јасно и се претставени факторите што укажуваат на постоење на витални функции на ембрионот“.

Според локалните медиуми, законската формулација значи дека жените мора да го слушаат чукањето на срцето на ембрионот пред да направат абортус. Регулативата стапува на сила во четврток.

Во Унгарија има ограничено време за абортус. Жените може да ја прекинат бременоста до 12-та недела доколку кажат дека минуваат низ лична криза.

Слични содржини