Унгарските разузнавачи извршители, а кој друг му помогна Груевски да избега од Македонија?

од Vladimir Zorba

Унгарските разузнавачки служби му  помогнале на поранешниот македонски премиер Никола Груевски да избега од земјата, соопштуваат од сајтот “Политико”, повикувајќи се на два одделни извора, истражувања за  бегството на осудениот во Македонија поранешен премиер.

Властите во Унгарија признаа дека нивните дипломати помогнале Груевски да го пренесaт во Будимпешта. Сепак, тие го одбиле новинаерот на  Политико да одговорат на прашањето за “улогата на унгарските разузнавачки служби”.

Поранешниот премиер Никола Груевски планот за бегство во Унгарија го смислил две недели пред да побегне од државава, при неговата средба со унгарскиот амбасадор, објави Алсат М.

„Еден ден пред датумот да се појави во затвор, тој создаде впечаток дека купува облека и неопходни работи за во затвор. Два дена пред бегството, тој исто така ги поздравил своите роднини и некои негови блиски соработници“, објави Алсат М.

 

Телевизијата уште открива дека во вечерните часови кога избегал, Груевски наводно излегол со неговото Фијат Пунто од подземната гаража во зградата каде живее, но, според Алсат М, се смета дека всушност тој уште директно се качил во автомобил на унгарските служби, а неговиот личен автомобил го возел вработен од унгарска амбасада, кој потоа го вратил во гаражата.

 

„Од кружниот тек се сомнева дека автомобилот тргнал кон Дебар, од каде неофицијално се дознава дека Груевски ја преминал илегално границата меѓу Македонија и Албанија. За да не падне во очи на полициските служби, се дознава дека Груевски употребил секундарни патишта, а не автопат каде што постојат безбедносни камери“, објави Алсат М.

 

Телевизијата уште пренесе дека неколку минути претходно Груевски телефонски се слушнал со премиерот Зоран Заев, но Заев ги отфрлил ваквите информации, истакнувајќи дека долго време немал директен контакт со Груевски, освен во одредени случаи кога тие комуницирале преку своите курири.

 

Премиерот Виктор Орбан,  е долгогодишен сојузник на Груевски, јавно ја брани одлуката да биде дадено азил на поранешниот премиер, тврдејќи со она што тој го опишува како “комплицирани политички борби и игри” во Македонија.

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост и вознемиреност во врска со бегството на Груевски од правосудството, во контекст на поднесеното од Македонија официјално барање за екстрадиција.

Потсетуваме дека Груевски избегна  од Македонија на 11 ноември. На 20 ноември тој доби политички азил во Будимпешта. Излезе преку Албанија, Црна гора, Србија директно во Унгарија. Унгарските опозициски партии тврдат дека поранешниот македонски премиер нема право на азил во земјата. Формациите на опозицијата во Будимпешта се согласија за заедничка акција против владата на премиерот Виктор Орбан. Според опозицијата “властите ги прекршиле законите при давањето азил на Груевски, бидејќи тој не ги исполнува основните услови за добивање на овој статус”.

Властите во Македонија побараа  Груевски веднаш да биде екстрадиран .

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати истакна дека “Груевски ќе биде вратен во земјата и ќе ја издржи својата казна”

Слични содржини