Унгарски европратеник поднесе оставка откако учествувал во геј-оргиите во Брисел

од Nikola Popovski

Конзервативниот унгарски европратеник и близок соработник на премиерот Виктор Орбан, Јозеф Шајер, се извини во вторникот откако белгиската полиција го фати на забава во геј-бар, опишан од локалниот весник како оргија.  Сајер поднесе оставка од владејачката партија Фидес во Унгарија и од функцијата европратеник.

Сајер во соопштението рекол дека ги прекршил белгиските мерки против пандемијата на коронавирусот и му се извинил на своето семејство, колеги и гласачи. Тој соопштил дека полицијата му дала „официјално вербално предупредување“ и го вратила дома. Сајер објавил не бил дрогиран и додаде дека му е „жал“ и дека „длабоко се кае“ што ги прекршил прописите за коронавирусот.

„Тоа беше неодговорно од моја страна. Подготвен сум за казната што ќе ми ја определат“, рече тој.

Забавата била организирана на првиот кат на зградата над геј барот Ле Детур, во самиот центар на Брисел.

Кога полицијата упаднала, неколку учесници биле голи, а еден се обидел да побегне и притоа се повредил.

 

Слични содржини