Унгарскиот европратеник фатен во геј-оргија доби мурал во Рим (фото)

од Nikola Popovski

Во Рим се појави мурал, кој го слави десничарскиот политичар на Унгарија и поранешен европратеник Јозеф Сајер како „нова унгарска геј икона“, кого полицијата во Брисел го најде на геј-оргија. Засрамениот унгарски десничар добил мурал во Рим со натписот: „Благодарам Јозеф!“.

Сајер минатата недела поднесе оставка како член на Европскиот парламент, откако белгиската полиција го уапси за кршење на епидемиолошките мерки затоа што го нашла на „сексуална забава“ со 25 мажи, како што е опишано во медиумите од страна на човек кој бил организатор на оргијата.

Сајер признал дека бил на приватна забава во Брисел, но ниту тој ниту полицијата не го потврдиле карактерот на настанот. При претрес, полицијата пронашла и дрога забранета со закон.

59-годишниот унгарски адвокат е близок со премиерот Виктор Орбан и има активна улога во вклучувањето на традиционалните дефиниции за семејството и полот во унгарскиот устав.

Еден италијански уличен уметник под псевдонимот Лајка го прикажал гол, затегнат само во ремени, со тетоважа на унгарскиот национален симбол во боите на виножитото на ЛГБТ движењето на левата рака.

Зад Сајер на сликата се наоѓаат пет голи мажи, видливи од колковите нагоре, и знакот на партијата на Орбан, Фидес.

ЛГБТ активистите во Унгарија веќе долго време го обвинуваат Фидес за напад врз нивните права. Муралот се појави во близина на Колосеумот, на аголот на улицата што Римјаните ја нарекуваат „геј улица“ затоа што во неа има неколку геј барови.

„Сонувам за свет каде што Сајер ќе може слободно да ја живее својата сексуалност како што сака, без да се крие од својата партија“, изјавил Лајка.

„Ви благодарам Јозеф за силниот удар во нетолеранцијата. Од денес сте новата унгарска геј икона. Но, следниот пат, ве молиме почитувајте ги регулативите за борба против Ковид-19!“, шеговито додал уметникот.

Слични содржини