Унгарците протестираат: Кинескиот кампус во Будимпешта е предавство

од Nikola Popovski

Носејќи транспаренти на кои пишувало„Предавство“, илјадници Унгарци денеска протестираа против плановите на кинескиот универзитет „Фудан“ од Шангај за отворање кампус во Будимпешта.

Унгарските либерали, противници на Витор Обан, го обвинуваат премиерот за блиски односи со Кина и изразуваат страв дека отворањето на кинески кампус во Будимпешта може да го загрози квалитетот на високото образование и да и овозможи на Кина поголемо влијание и во Унгарија и во ЕУ.

Незадоволните либерали сметаат дека парите треба да се искористат за подобрување на условите за студирање на унгарските универзитети.

Владата во Будимпешта потпиша договор со Универзитетот Фудан за изградба на кампус на локација претходно наменета за студентски кампус за унгарски студенти и вели дека Фудан е светски познат и признат универзитет и дека со градење на кампус ќе им се овозможи на студентите „да учат од најдобрите “.

Слични содржини