Уникатен подарок од Бочварски за Сабев – парче шина како симбол за изградбата на Коридор 8

од Берта Китинска

Воведувањето на нова авиолинија од Софија до Скопје ќе придонесе во зближување на двата народи, како и развој на економските односи и туризмот. Во следниот период до одржување на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија кон крајот на овој месец, ќе се договорат деталите околу воведување на авиолинијата. Ова го договорија министрите за транспорт и врски на Северна Македонија и на Бугарија, Благој Бочварски и Николај Сабев при денешната официјална посета на бугарската владина делагација, предводена од премиерот Кирил Петков.

На средбата Бочварски му подари уникатен подарок на бугарскиот министер за транспорт и врски – парче шина како симбол за изградбата на Коридор 8.

Слични содржини