Уникатно! Браќата Гасол во историјата на НБА

од Vladimir Zorba

Шпанските кошаркари Пау и Марк Гасол влегоа во историјата на НБА како први и единствени браќа со трофеј во лигата.

38-годишниот Пол Гасол веќе двапати стануваше шампион со Лос Анџелес Лејкерс (2009 и 2010 година), додека 4 години помалиот Марк го направи утринава со Торонто.

Во историјата на НБА има неколку браќа кои настапувале во ист период – Дик и Том Ван Арсдејл, Доминик и Џералд Вилкинс, Хорас и Харви Грант, Стивен и Сет Кари, и други кои импресионираат со своите достигнувања, но за прв пат и двајцата од исто семејство освојуваат НБА трофеј.

Слични содржини