Уништени најмалку 2.000 станови во Газа

од Vladimir Zorba

Заменик министерот за труд и домување во Газа, Наџи Сархан изјави денес дека првата проценка покажува дека најмалку 2.000 станбени единици биле уништени во борбите меѓу Израел и палестинските милитантни групи во Газа.

Палестински официјален претставник денес изјави дека повеќе од 15.000 други единици биле делумно уништени во 11-дневната војна.

Израел започна стотици воздушни напади врз појасот Газа, насочени кон станбени, трговски и владини згради, тврдејќи дека напаѓа локации каде Хамас има канцеларии и ресурси.

Сархан рече дека се уништени четири џамии заедно со десетици полициски соби во Газа. Тој додава дека повеќето фабрики во индустриската зона во Газа се уништени или оштетени, пренесе Танјуг.

Според проценката на Сархан, финансиските загуби во борбите изнесуваат 150 милиони долари. Тој вели дека проценката е сè уште во тек.

Слични содржини