УНИЦЕФ: Убиени 100 деца во Украина во последните месец дена

од Nikola Popovski

УНИЦЕФ објави дека војната во Украина е „криза на правата на децата“ во која образованието е на удар, а велат дека само во последниот месец во таа земја се убиени речиси 100 деца.

Заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Омар Абди, во четвртокот пред Советот за безбедност на ОН изјави дека повеќе деца се повредени, милиони се раселени, а училиштата продолжуваат да се напаѓаат и да се користат за воени цели.

Учебната година беше прекината откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, а од минатата недела, најмалку 15 од 89 училишта поддржани од УНИЦЕФ на истокот од земјата се оштетени или уништени во борбите, рече Абди.

 

Слични содржини