Универзална сала ќе се урива, а на местото на стариот објект  ќе никне парк

од Берта Китинска

Град Скопје објави конкурс за избор на идејно решение за парк на местото на Универзална сала.

Откако Асоцијацијата на архитекти на Македонија предложи новата Универзална сала да се гради на нова локација, а на постојната да се направи парк, Град Скопје ја почна постапката за реализација на оваа идеја.

Во конкурсот се бара на просторот покрај парк да биде предвидена и отворена летна сцена, со што на овој простор и во иднина ќе можат да се одржуваат концерти и други настани.

.За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава.

Градските власти информираат дека овој простор со Генералниот урбанистички план и со ДУП е со намена култура, па затоа мора да биде ставена и мала летна сцена, додека останатиот дел од просторот ќе биде парк.

 

 

Слични содржини