Упасени тројца скопјани кои поседувале дрога

од Берта Китинска

Вчера во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на пат за Средно Водно, кон село Нерези, го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 13:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода О.С.(38) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Подоцна, во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Востаничка“ го лишиле од слобода Д.Ѓ.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини