Употребата на антидепресиви во бременоста влијае и на детето!

од Stefanija Kuzmanovska

Децата чии мајки користеле антидепресиви за време на бременоста покажуваат повисок степен на анксиозност во однесувањето.

Научниците од Норвешка покажаа дека нелекуваната депресија е уште поопасна за детето, бидејќи таквите деца покажуваат поголеми промени во однесувањето. Додека нелекуваната депресија предизвикува нарушувања, антидепресивите обезбедуваат почва за нив, бидејќи тие се директно поврзани со развојот на анксиозност. Позитивно е што кај нив не се развиваат проблеми со спиењето, органите, концентрацијата и агресијата кај децата.

Повеќе од 20 проценти од жените страдаат од депресија за време на бременоста.

Депресивните жени се повеќе се склони кон консумирање алкохол, цигари и други штетни материи за време на бременоста, па затоа може да му нанесат голема штета на детето. Наместо лекови, на бремените жени им се препорачува првенствено да бараат помош во форма на разговор, бихевиорална терапија.

Значи, драги мајки, ако ве мачи тага, чувство на безвредност, вина, апатија и губење на енергија, а сето ова трае повеќе од две недели, побарајте помош. Како прво, побарајте разговор наместо лекови!

Слични содржини