УПОЗ за реорганизацијата на администрацијата: Најбитно е да нема отпуштања на работници

од Mimi Spasovska

Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, комeнтрајќи ги плaнoвите за реорганизација на администрцијата што ги најавува Министерството за информатичко општество, за „Локално“ вели дека за нив најбитно е да нема отпуштања на работници, особено не на членови на Синдикатотот на УПОЗ.

„Ги следаме новините и доставуваме забелешки во врска со нив, а за нас е најбитно во таа реорганизација кога ќе започне дека не смее да биде отпуштен ниту еден работник во администрацијата, осбено не оние кои се членови на синдикатот на УПОЗ. Тоа е првевенствено нашето барање и да бидат гарантирани правата на членовите на синдикатот на УПОЗ“, изјави Деановски за „Локално“.

Трпе Деановски

Трпе Деановски

Претходно денеска Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, најави дека со претстојната реорганизација, која  се прави во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, неколку институции и агенции ќе бидат споени во едно, дека ќе има трансфери на вработени и затворање на агенции, а некои од агенциите ќе се затворат, односно ќе бидат трансферирани како сектор во некое друго министерство.

Од УПОЗ велат дека се запознаени дека се спрема голема реорганизација во целиот јавен сектор и дека од 1.300 институции во јавниот сектор треба да останат само 650 институции.

Претседателот на УПОЗ укажува дека има и одредби со кои тие не  се согласуваат, а кои се понеповолни за вработените кога ќе започне реорганзцијата на јавниот сектор

Ќе има намалување на плати

„Има одредени одредби дека под наводници вработен доброволно и самостојно може да се откаже од своето работно место и да премине на пониско работно место, а тоа значи дека ќе има намалување на плата, дека доколку во рок од шест месеци бидете ставени на трансфер листа, а не ви се најде ново работно место, прекинува работниот однос, дека ако не прифатите работно место во одредена институција која не ги задоволува вашите спецификации и образование итн,  прекинува вашиот работен однос. Тоа се одредени работи на кои имаме пратено забелешки и треба малку да се допрецизираат. Но, ја читав изјавата на министерот дека апсолутно за вработените во управата и во правосудтвото кои се дефицитарни нема да ги опфати толку многу колку што ќе ги опфати вработените во јавните претпријатиа”,кажа Деановски.

Адмирим Алити

Адмирим Алити

Министерот Алити денеска тврдеше дека со реорганизцијата нема да има отпуштање на вработени, но дека ќе има намалување на бројот на директори и на членови на управни одбори.

Инаку пренатрупаноста на јавниот сектар е постојано мета на критики во јавноста, а иако се прават реформи, досега немаше кратење на работни места.

М.С.М.

Слични содржини