Ураганот Агата стигна до брегот на Мексико

од Stefanija Kuzmanovska

Агата, најсилниот ураган во историјата, кој во мај стигна до копното во источниот дел на Пацификот, ги погоди туристичките плажи и рибарските градови во јужно Мексико.

Поради обилните дождови и силните ветрови, туристите и жителите мораа да се кријат во засолништа.

Агата пристигна на копното на околу 10 километри западно од Пуерто Анџело како силна бура од категорија 2, со максимална брзина од 165 километри на час, пренесува АП.

Слични содржини