Ураганот Елза пристигнува на Флорида: Вонредна состојба во неколку окрузи

од Stefanija Kuzmanovska

Ураганот Елза денес се закани на северниот брег на Флорида, откако регионот на заливот Тампа беше погоден од бурен ветер и силен дожд, а властите го повикаа населението да биде внимателно и прогласија вонредни мерки за неколку области.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис го повика населението сериозно да ги сфати предупредувањата и да не патува непотребно и рече дека циклонот се очекува да стигне до крајбрежјето денес, каде што на сила се вонредни мерки за поголемиот дел од таа област, пренесува АП.

Нема извештаи за штети или повредени во областа Тампа Беј, која беше изложена на силни олујни удари, кој достигна максимум 120 километри на час од утрово, според Националниот центар за урагани.

Училиштата и јавните установи во областа Тампа беа затворени, а повеќето јавни настани беа одложени во вторникот со приближувањето на Елза, додека меѓународниот аеродром во Тампа ја прекина работата во 17 часот.

Синоптичарите очекуваат Елза да помине низ внатрешноста на Северна Флорида како тропска бура со обилни дождови и ветер, а потоа да се упати кон Џорџија, Северна и Јужна Каролина и Вирџинија пред да се упати преку Атлантскиот Океан каде се очекува до петок.

Кубанските власти претходно евакуираа 180.000 луѓе поради можност за големи поплави што веќе погодија неколку карипски острови, при што загинаа најмалку три лица.

Промената на движењето на Елза на запад ги поштеди долните Флорида Киз од директен удар, но дождот и ветровите беа многу силни и обилни.

Слични содржини