Ураганот Фиона се движи понатаму на север, поплави во Доминиканската Република

од Stefanija Kuzmanovska

Ураганот Фиона денеска се движи понатаму на север, откако во понеделникот донесе обилни дождови и силни ветрови во Доминиканската Република и предизвика целосно снемување струја во соседниот Порторико, каде што загинаа најмалку две лица, јавува „Ројтерс“.

Ураганот од втора категорија најверојатно ќе стане ураган од трета категорија додека се движи низ топлите води на Карибите кон островите Туркс и Каикос.

Националниот центар за урагани ја одреди Фиона со категорија два во понеделникот вечерта, со ветрови кои достигнуваат 169 километри на час.

Средиштето на Фиона се очекува денеска да помине близу или источно од архипелагот ,за кој во моментов е издадено предупредување за ураган, соопшти американскиот Национален центар за урагани (NHC).

Тропски бури се очекуваат и на Бахамите.

Слични содржини