Урбани топоними во Центар – инсталации наменети за зачувување на спомените на градот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Идејата на проектот Урбани топоними е да ги означи значајните урбани места (микролокации), во Општина Центар, кои за помладите генерации скопјани, но и за многуте граѓани од цела Македонија кои се доселени и/или престојуваат во Скопје се целосна непознаница.

Популарниот „Рекорд“, поранешниот ресторан „Стар Ловец“, Маџир Маало и поранешното скопско Корзо се 4 посебни локации во општината, каде 4 македонски уметници се претставија со 4 инсталации-скулптури, кои имаат за цел да ги потсетат скопјани на 4-те градски локации.

Градоначалникот Саша Богдановиќ, заедно со тимот на Центарот за современи уметности Скопје и уметниците, вчера на локацијата „Рекорд“, го означија почетокот на проектот и ги посетија поставените инсталации.

„Секоја генерација на скопјани си остава свој белег на животот на градот на свој начин. Општина Центар е срцето на Скопје и затоа, една од заложбите на општината е и чувањето на урбаните спомени на просторите во центарот на градот“, вели Богдановиќ.

Проектот Урбани топоними Општина Центар го реализира со Центарот за современи уметности Скопје.

Слични содржини